Финската компанија за видео игри Хач Ентертејнмент тестира нова широка платформа за игри која е замислена како своевиден еквивалент на принципот на Нетфликс како сервис за филмови или пак, на Спотифај - за музика.

- Ова е нов пристап за видео игрите на мобилен. Моментално не постои нешто слично на ова, изјави извршниот директор на Хач, Јухани Хонкала.

Како и секогаш, и во овој случај има скептици кои сметат дека проектот нема да биде така успешен како неговите еквиваленти во телевизијата и филмската индустрија. Спотифај, за споредба, наредната недела се вклучува во Њујоршката берза, и проценките за вредноста на платформата се движат околу 20 милијарди долари, но за да го достигне тоа на компанијата и беа потребни повеќе години.

Сепак, повеќе од 100 компании за видео игри се заинтересирани за удел во проектот на Хач.

Хонкала додава дека е можно тест фазата да почне уште годинава.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2018 19:03