Македонската фудбалска репрезентација до 19 години денеска ја совлада фаворизираната репрезентација на Англија со 2:0 во Скопје во последниот натпревар од елитните квалификации за пласман на Европското првенство. Голот за водство беше дело на Јани Атанасов уште во третата минута, кој со атрактивен потег ја затресе мрежата на голманот на Челзи, Џејми Каминг. Победата ја потврди играчот на Спортинг Лисабон, Димитар Митровски во 91-та минута во мечот. Македонија го завршува елитниот турнир од квалификациите со една победа и два пораза и остана на последната позиција во групата. На другиот меч, кој се одигра во истиот термин, Летонија од која загубивме во првиот меч славеше над Унгарија со 3:2. Англија како првопласирана обезбеди пласман на Европското првенство за младинци. Тимот од Островот се први поради подобриот меѓусебен скор со Летонија (3:0), иако овие две селекции имаат идентични шест бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2018 19:08