Турски воени авиони извршија серија нарушувања на грчкиот воздушен простот над Егејско Море, еден ден по строгите препораки од Европска унија кон Анкара на Самитот во Варна, објавија грчките медиуми.
Девет турски авиони-ловци, од кои шест вооружени, 45 пати навлегле во грчкиот воздушен простор во североисточниот, централниот и југоисточниот дел над Егејско Море.
Но, и покрај нарушувањето на грчкиот воздушен простор немало конфликтни ситуации.
Според податоци на Генералштабот на националната одбрана на Грција 33 од нарушувањата биле извршени од два разузнавачки авиона, едно од турски хеликоптер, а останатите 11 нарушувања од турски авиони ловци Ф-16.
Турски авиони петпати ја нарушиле зоната над Атина, но биле пресретнати од грчката воена авијација.