Велшкиот репрезентативец Герет Бајл, Хрватот Матео Ковачиќ и шпанскиот репрезентативец Иско ќе можат да го напуштат клубот по завршувањето на сезоната доколку Реал добие понуди за нив со бараната сума.

За Бејл одредена е цена од 100 милиони евра и како што пренесуваат шпанските медиуми, има заинтересирани клубови кои би платиле толкав износ.

Што се однесува до Ковачиќ и Иско, тие не се стандардни во првиот тим на Зинедин Зидан, па нивната желба да бидат на трансфер листата клубот им ја прифати.

За Ковачиќ интерес покажуваат миланските Интер и Милан, додека Иско е желба на Манчестер Сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2018 12:38