Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија ја обвини владејачката Коалиција на радикалната левици (Сириза) дека ја партизира државата.
Лидерот на конзервативната Нова демократија, Киријакос Мицотакос изјави дека функционери на Сириза и нивни роднини и пријатели „ја презеле земјата“ и дека партијата на премиерот Алексис Ципрас создала „партиска држава“.
Мицотакис нагласи дека неговата партија ќе започне кампања за разоткривање на „сомнителните и противзаконски именувања“ во државната администрација, извршени од страна на Сириза.
Според Мицотакис, само во последните три години Владата на Ципрас во државниот сектор вработила 21 службеник на неопределно време и 15.000 на определено, за кои државата троши по 600 милиони евра, средства собрани од даночните обврзници.
Лидерот на Нова демократија нагласи и дека 39 од 151 член на Централниот комитет на Сириза, биле именувани на функции во државната администарција и примаат плата од државата.
Според Миоцтакис, поголемиот број од нив биле кандидати за пратеници на последните парламентарни избори и откако не обезбедиле пратенички мандат. биле именувани на функции во државната администрација.