Албанскиот клуб Скендербег беше казнет со десет години суспензија од страна на УЕФА и ќе биде вон европските натпреварувања. Поради местење натпревари во европските купови и во албанскиот фудбал, тимот од Корча ја доби најголемата казна во историјата, потврдија албанските медиуми кои објавија документ во кој се потврдува и паричната казна од 1 милион евра од европската централа. Скендербег нема да може да игра во натпреварувања на УЕФА во наредните десет години. Албанскиот клуб има право на жалба во наредните 60 дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2018 21:10