Бугарија нема да протера руски дипломати поради „Случајот Скрипал“, изјави денеска бугарсиот премиер Бојко Борисов.
Тој истакна дека Бугарија, која претседава со Европската унија, треба да одржува отворен дијалог со Русија, во момент на тензични односи помеѓу западните земји и Москва поради труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал во Англија.
- Бугарија изрази солидарност со своите ЕУ и НАТО сојузници, со тоа што го повика на консултации својот амбасадор во Москва. За понатамоша акција потребни се дополнителни докази, наведе Борисов по средбата со членовита на владиниот совет за безбедност, на која присуствуваше и бугарскиот амбасадор во Русија.
Борисов најави и дека амбасадорот ќе се врати во Русија по православниот Велигден, на 8 април.
Поголемиот број земји членки на ЕУ и на НАТО, меѓу кои и САД, протераа руски дипломати. Неколку земји членки на Унијата, вклучително Грција, Кипар, Португалија, Словенија и Австрија не се приклучија на координираната акција.