Во рамките на националната линија на сите грчки влади, официјална Атина бара решение во спорот за името, е ставот на порптаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, јави дописничката на МИА од Атина.
- Во однос на името на поранешната југословенска Република Македонија, владата со чувство на одговорност ја брани националната линија што е заедничка основа на сите грчки влади во последната деценија. И во оваа рамка бара решение на прашањето со соседот, рече Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите.
Портпаролот на грчката влада и министер без ресор, паралелно упати и остри критики до лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис и поради тоа што „нема да гласа за решение во рамките на националната линија, но и поради тоа што одби да се сретне со министерот за надворешни работи Никос Коѕијас за лично да го извести за текот на преговорите.