Ракометарките на ЖРК Вардар ја одбранија титулата на седум кола до крајот во домашното првенство. „Црвено-црните“ во салата „Автокоманда“ го совладаа Металуг со 17:47.
По 21 одигран натпревар Вардар е прв на табелата со 63 бода и има недостижни 22 бода предност во однос на второпласираниот Металург.
„Вардарки“ воедно ја минаа и границата од 1.000 постигнати голови, a по денешниот триумфот на гостински терен имаат вкупно 1.009 постигнати голови .
Вардар победата ја обезбеди уште во првото полувреме со водство од 22:5.
Најефикасни беа Сара Ристовска со 12 и Јована Саздовска со 11 постигати гола.