Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ по пристигнувањето во Лос Анџелес беше официјално претставен во новиот тим ЛА Галакси, за кој ќе игра до крајот на сезоната.
Ибрахимовиќ на прес-конференцијата откри дека уште пред две години бил на чекор до доаѓање во американската МЛС лига.
- Сето ова можеше да се случи пред неколку години, бев подготвен и сакав да дојдам. Но тогаш не се реализираше, меѓутоа судбината сепак сакаше да дојдам. Ме повикаа од Лос Анџелес и прифатив. Дојдов овде да победувам и знам дека ќе успеам, истакна шведскиот напаѓач.
Ибрахимовиќ нагласи дека се чувствува млад и дека никој не треба да се грижи за неговите години.
- Јас сум подготвен за натпревари. Лавот се уште е гладен, нагласи тој.
Ибрахимовиќ соопшти дека во Лос Анџелес пристигнал со своето семејство, односно жената и децата, бидејќи наведува дека овој дел од кариерата го сфаќа мошне сериозно, а не како попатна станица.