Кога протестот кај тунелот Калимаш достигна кулминација со палење на наплатниот пункт се огласи премиерот Еди Рама, кој не само што не отстапува од веќе донесената одлука, туку најави воведување патарина и на други патишта.

Набрзо,според најавите, патарина ќе се воведе на автопатот Кашар-Рогожина-Валона, а потоа и на други патни правци.

Рама исто така остро реагираше околу денешните насилства заканувајќи им се дека ќе одговараат пред законот за уништувањето на пунктот и напад на службени лица.

- Варварското насилство врз заедничкиот имот и врз прпадниците на редот во Кукс, ќе добијат заслужен одговор со сета сила на законот, кон секого кој незаконски крена рака. Никој не е над законот, напиша Рама на својот профил на Фејсбук.

Во меѓувреме според медумите првичниот биланс на повредени е дваесеттина лица, од нив петмина полицајци.

Порад блокадата на патот, направена е колона возила од над десет клометри.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2018 23:46