Македонскиот тренер Гоце Седлоски дебитираше со несреќен пораз на клупата на Рига.
На стартот од летонскиот шампионат се сретнаа фаворитите за врвот Лиепаја и Рига, а тимот на македонскиот стратег на гостувањето доживеа минимален пораз (0:1) со гол примен во 93 минута.
Гостите добија и црвен картон непосредно пред да примат погодок и не успеаја да издржат со играч помалку на теренот.
Стрелец за Лиепаја беше Зарате кој погоди пред самиот судиски свиреж за крај.
Рига следното коло на домашен терен ќе игра против РФС.