Во центарот на Подгорица денеска се убиени две лица од страна на засега непознато лице.
Центарот на Подгорица е блокиран, а црногорската полиција врши увид.
Лицето кое пукало е во бегство, а полицијата интензивно трага по него.
Црногорските медиуми јавија дека нападот се случил во кафулето „Форум“.
Двете лица врз кои е пукано се пренесени во болница, од каде е соопштено дека починале.
Црногорските медиуми јавија дека веројатно станува збор за пресметка меѓу мафијашки кланови.