Дански Скјерн го направи најголемото изненадување сезонава во ракометната Лига на шампионите, откако го елиминираше фаворизираниот унгарски тим Веспрем и се пласираше во четвртфиналето.

Веспрем не успеа да ја анулира негативата од седум гола од првиот осминафинален меч во Данска, иако реваншот во Унгарија го доби со 34:29.

Унгарците се обидоа уште од стартот на средбата да ја наметнат својата игра, но гостите не дозволија резултатски да се одвојат.

Резултатот во голема мера е благодарение на одличниот голман на данскиот тим, Тибор Иванишевиќ, кој во последните десет минути дури успеа да се запише во листата на стрелци.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков имаше добра партија за Веспрем, при што реализира шест погодоци, како и неколку украдени топки и важни асистенции.

Скјерн во четвртфиналето ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Нант и Мешков Брест.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2018 23:59