Црна Гора: Криминални групи ја нарушуваат безбедноста

Советот за национална безбедност на Црна Гора оцени дека безбедносната ситуација во државата е нарушена по „зголемениот број судири меѓу организирани криминални групи“.

Советот побара, а раководителите на надлежни државни органи прифатија, формирање заеднички спец-тимови во кои се претставници од Обвинителството, Управата на полицијата и други органи со задача за ефикасна борба против организираниот криминал, се вели во соопштение по седница на Советот за безбедност.

Седницата беше одржана по двојното убиство во Подгорица кое им се припишува на пресметка на криминални групи.

– Договорени се постојани и координирани активности на надлежните служби кои ќе обезбедат силен и сеопфатен одгвоор на државата против организираниот криминал, се вели во соопштението.

Поради последните убиства во Подгорица, оставки поднесоа директорот на црногорската и началникот на подгоричката полиција, а сменет е началникот на Агенцијата за национална безбедност, одговорен за Подгорица.


Црна Гора: Криминални групи ја нарушуваат безбедноста

Во досегашните пресметки на криминални кланови загинаа повеќе од 20 луѓе од кои четири жртви беа случајни. Само во изминатиот месец во Подгорица имаше шест бомбашки напади и три убиства, поради пресметка на криминалци.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 07:34