Младинската и кадетската репрезентација на Македонија без загубен натпревар ги завршија меѓународните ракометни турнири во Унгарија.
Избраниците на селекторот Данило Брестовац во двете возрасни конкуренции денеска ги одиграа последните две средби во кои противник им беше Бугарија и на кои исто како и вчера, забележаа сигурни победи.
На крајот Македонија оствари девет победи на исто толку натпревари. Младинците ги победија Веспрем, Ајка, и Бугарија двапати, додека кадетите беа поуспешни од Егершеги двапати, Веспрем и Бугарија двапати.
Овие натпревари беа подготвителни за двете селекции кои на лето ги очекуваат настапи на ЕХФ шампионатите