Европската комисија денеска соопшти дека ќе издвои уште 180 милиони евра за проекти за помош на бегалците во Грција.

Средставта ќе бидат наменети за сместување на бегалците и за задоволување на нивни лични потреби,

Со финансиска помош од ЕУ досега е обезбедено сместување на 41.000 бегалци, а вкупната сума што Атина ја доби од Унијата за реализација на проекти поврзани со мигрантите достигна околу 1,5 милијарди евра.

- Средставта наменети за бегалците помагаат за нивно достоинствено сместување, го зголемуваат нивниот избор и придонесуваат за поттик на локалната економија, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Средствата издвоени денеска за Грција се од буџетот на механизмот за вонредни состојби.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 13:27