Речиси два часа траеше средбата на генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција Димитрис Куцубас со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Со Куцубас всушност почна серијата средби на Коѕијас со лидерите на грчките политички партии, на кои тој треба да ги информира за прашањето со името, разговорите во Виена и преговорите меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Состанокот заврши без изјави за медиумите, додека, пак, во попладневните часови, шефот на грчката дипломатија ќе се сретне со лидерот на партијата Река.

Во текот на утрешниот ден, Коѕијас ќе се сретне со лидерката на ПАСОК и Движење за промена, Фофи Генимата и со претседателот на Сојуз на централисти, Василис Левендис.

Место од претседателот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, шефот на грчката дипломатија ќе биде примен од одговорниот за надворешна политика во опозициската партија, Јоргос Кумуцакос, о оваа средба засега не е официјално закажана.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 13:44