Словенечкиот премиер Миро Церар утре доаѓа во официјална посета на Македонија.
Официјалната церемонија на словенечката делегација, ќе се одржи утре на платото пред Владата во 16:00 часот, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Церар, како и билатерален состанок на македонската и словенечката владина делегација.
По средбите двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.
Церар и Заев задутре ќе ја отворат и ќе имаат свои обраќања на Бизнис конференцијата во просториите на Стопанската комора на Македонија.
Словенечкиот премиер Церар за време на дводневната посета на Македонија ќе оствари средба и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието, Талат Џафери.