Македонскиот филм „Исцелител“ е избран во официјална конкуренција на меѓународниот филмски фестивал во Кливленд, САД. Филмот ќе се прикажува во програмата во чиј фокус се филмови од Централна и Источна Европа.

Ова е 42. издание на меѓународниот фестивал во Кливленд (CIFF), годинава под мотото „Прегрни ја љубопитноста“.

Селекторите на филмови, освен на квалитетот на кинематографското дело, особено внимание посветуват и на темата која најчесто обработува социјална правда и активизам.

Во текот на единаесетте фестивалски денови ќе се прикажат околу 200 долгометражни и 200 кратки филмови од 72 земји, а ќе присустваат и 300 филмски професионалци. Минатата година фестивалот го посетиле повеќе од 100.000 гледачи.

„Исцелител“ ќе се прикажува во конкуренција со уште 14 други европски остварувања, едни од најуспешните изминатата година. Меѓу нив се добитникот на награда во Карлови вари, босанскиот „Мажите не плачат“, добитникот на сребрена мечка, романскиот „Ана, љубов моја“, добитникот на награда за најдобар актер во Карлови Вари, рускиот „Аритмија“, добитникот на награда за најдобар филм во Трст, словенскиот „Рудар“, учесникот на кански фестивал, бугарско македонската копродукција „Насоки“,...

Ова е второ прикажување на „Исцелител“ во САД. На премиерата на фестивалот во Санта Барбара, Калифорнија, во февруари, ја освои наградата за најдобар филм.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 18:33