Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп нема да го менува стилот на игра во дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Доминацијата на „небесносините“ во Премиер лигата принуди многу тимови да ја менуваат тактиката и да пробаат различни методи на спротивставување на овој ривал. - Начините на кои се браниме и напаѓаме, се многу непријатни за противниците. Ако го направиме токму тоа, за противниците станува исклучително тешко. Натпреварот ќе биде екстремно возбудлив. Екипите на теренот го решаваат крајниот исход, немаме гаранција за апсолутно ништо. Не може само да се браниме против Сити и да се надеваме дека тие нема да дадат гол. Тие се исклучително добри, прокоментира Клоп пред сајтот на УЕФА. Ливерпул е домаќин на Манчестер Сити во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампионите во среда од 20:45 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 19:32