Преговорите за името и последната средба во Виена, грчко-турските односи, како и економијата, се очекува да бидат темите на денешната владина седница со која ќе претседава грчкиот премиер Алекис Ципрас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, состанокот е закажан за 11 часот по локално време, а во кусото соопштение од премиерскиот кабинет, не се споменати темите кои што ќе се најдат на масата пред министрите од СИРИЗА и Независни Грци.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2018 08:41