Босанката Дуња Мијатовиќ од денеска ја презема функцијата Комесар за човекови права на Советот на Европа во Стразбур и со тоа станува првата жена на таа функција.

Таа доаѓа од ОБСЕ каде беше задолжена за слободата на медиуми и го заменува Нилс Муижниекс.

Мијатовиќ на страницата на Советот на Европа напиша дека има намера да ја продолжи работата на Муижниекс и дека нејзиниот приоритет е имплементација на одлуките на нејзината организација.

-Да, потребна е политичка волја за да се реализираат, напиша таа. Но, ова не е работа само за владите. Треба да ги инволвираме нашите општества на широко во имплементацијата и да ги вклучиме сите во дијалогот за човекови права.

Советот на Европа има 47 земји членки, меѓу нив се сите земји членки на ЕУ, седиштето се наоѓа во Стразбур.

Целта на Советот на Европа е почитувањето на демократијата и човековите права на континентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2018 09:13