Кошаркарите на Мајами изборија учество во разигрувањето за титулата во НБА лигата, откако ноќеска забележаа победа над Атланта со 101:98.

„Жешките“ од Мајами дојдоа до биланс 42-36 (победи-порази), доволно за пласман меѓу осумте најдобри во Источната конференција.

За последното слободно место во плеј-офот од Истокот се борат Милвоки и Детроит.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2018 22:52