Легендарниот голман на Баерн Минхен, Оливер Кан му препорача на раководството на клубот да се обиде да го привлече тренерот на Реал Мадрид - Зинедин Зидан, за наследник на Јуп Хајнкес, кој се повлекува по крајот на сезоната. - Несомнено, Зинедин Зидан е опција. Тој е исклучителен. Зидан може да раководи со тим од големи ѕвезди. Тој беше апсолутна ѕвезда како играч, но многумина такви не можат да станат големи тренери. Тој, сепак, е исклучок. Успеа да освои сѐ со Мадрид, а сега се бори третпат да ја земе ЛШ, вели поранешниот германски репрезентативец, кој бранеше за Баерн од 1994 до 2008 година.