На филмскиот фестивал во Кан годинава нема да има новинарски проекции пред свечените премиери, а ќе биде забрането и правење селфи на црвениот тепих, изјави уметничкиот директор на Канскиот фестивал, Тјери Фремо.
Тој додаде дека на сите кои нема да ја почитуваат таа забрана, нема да им се дозволи влез на проекцијата на филмот.
- Тоа не е убаво. Гротескно е. Сакаме да го вратиме достоинството, рече Фремо.
Исто така, истакна дека филмовите кои се во продукција на „Нетфликс“ годинава имаат забрана за учество.
Филмскиот фестивал во Кан ќе се одржи од 8 до 19 мај.