Тимот на Ливерпул покажа дека се враќа кон своите најдобри години во Европа и забележа импресивна победа со 3:0 во првиот натпревар против Манчестер Сити од четвртфиналето во Лигата на Шампионите.
„Црвените“ одиграа неверојатно прво полувреме во кое паднаа сите три гола. Мохамед Салах го отвори резултатот во 12. минута, Алекс Окслеид-Чембрлен удвои во 21-та со убав удар од далечина, а Садио Мане беше автор на третиот гол во 31. минута, по асистенција на Салах.
Така домаќините од „Енфилд“ имаат одлична предност пред реваншот, но ја загубија својата ѕвезда. Мохамед Салах го напушти дуелот повреден во второто полувреме, откако не е јасно колку е сериозна неговата повреда.
Барселона пак ја победи Рома со 4:1 во првиот меѓусебен дуел одигран на „Камп Ноу“ и гледа самоуверено кон полуфиналето на најпрестижниот европски клупски турнир пред реваншот во Рим.
Каталонците го отворија резултатот во 38-та минута, кога Даниеле де Роси си постигна автогол. Во 55-тата Барса удвои, со нов автогол, дело на Костас Манолас. Четири минути подоцна, дефанзивецот Жерар Пике го направи резултатот 3:0.
Десет минути пред крајот, напаѓачот на „волците“, Един Џеко ја врати за кратко неизвесноста, но Луис Суарез брзо ја врати предноста од три гола за Каталонците, која изгледа доста солидно и може да се покаже како пресудна за нивниот пласман меѓу најдобрите четири.