Како реакција на масовната загриженост од собирањето податоци од корисниците на електронски уреди, Епл најави дека понуди нови софтверски решенија преку кои граѓаните ќе можат да определат колку од своите податоци ќе споделуваат со ИТ компанните.
Најавата на Епл е дел од исполнувањето на новите стандарди на Европската унија за заштита на приватноста на граѓаните. Директорот на Епл Стив Кук воедно изјави дека неговата компанија нема да постапува како другите технолошки гиганти и нема да навлегува во приватните животи на своите муштерии.
Со новата верзија на оперативниот систем на Епл најавена за денеска, корисниците на Епл уреди ќе почнат да добиваат посебно предупредување за моментите кога нивните податоци се споделуваат со компаниите.
Главниот удар е насочен кон Фејсбук, по информацијата дека оваа компанија споделувала податоци за своите корисници со компанија поврзана со предизборната кампања на Доналд Трамп.