Македонија годинава под лупа на „Фејсбук“. Развивајќи ја безбедноста на ширењето на информации преку својата социјална мрежа, компанијата воведе технолошки алатки и ангажира илјадници луѓе што ќе се фокусираат на изборите низ светот годинава. Особено внимание освен на Македонија „Фејсбук“ ќе им посвети на Индија, Пакистан, Бразил, Мексико, САД, Германија и Унгарија.

Првиот човек на компанијата Марк Цукерберг неодамна ја посочи токму Македонија како расадник на лажни профили и на лажни вести, а 2018 година ја означи како „голема година“.

-Во 2017 година за време на специјалните избори за Сенатот во Алабама, употребивме нови алатки што ги развивме со цел да откривање лажни профили кои се обидуваат да шират лажни вести. Пронајдовме многу такви лажни профили од Македонија. Не очекува напорна работа за да им отежнеме на државите како Русија да се мешаат во избори, да спречиме други луѓе да шират лажни вести, рече Цукерберг.

Поучен од обидите за влијаење врз минатогодишните избори за Сенатот во американската држава Алабама, каде според Цукерберг, замешале прсти и македонски лажни профили, „Фејсбук“ ангажира 15.000 луѓе кои работат на безбедноста и на прегледување на содржините. Основачот на компанијата најави дека таа бројка ќе се зголеми до 20.000 луѓе до крајот на годинава.

Фејсбук профилите од Македонија, како една од главните причини за пораз на последните американски претседателски избори во ноември 2016 година, ги посочи и поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон.

Извор: Телевизија Алфа



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2018 16:44