Вардар го направи првиот чекор кон пласманот на Ф4 турнирот во Будимпешта со триумфот на гостувањето кај Митјиланд во првиот четврт-финален натпревар од ЛШ, 24-23 (13-16). Останува уште потврда на квалитетот на реваншот во Скопје за ново учество на завршниот турнир.

Реваншот од четврт-финалето е закажан за 14 април во Скопје. Ова е седми триумф на „црвено-црните" во меѓусебните дуели со Митјиланд на осум натпревари. Истовремено ова 12 триумф сезонава во лигата на шампионите на 13 одиграни натпревари.

На Вардар му требаа 45 минути за да најде против игра на Данките кои во најголем дел од средбата до тој момент имаа водство. Домашните ракометарки имаа водство 19-16 како најава дека имаат сигурна игра и знаат како да се справат со европските вице прваци. Но, тогаш конечно проработе нашаиот напад, но и одбрана. Лејно повторно беше меѓу стативите, а Пенезиќ во 46 минута успеава да израмни, на 20-20. Оттогаш вардарки ја презедоа иницијативата и успеаја 15 минути да ги сопрат противничките ракометарки во намерата да постигнат гол. Во тој период Лејно бранеше одлично, а нападот на ВАрдар веќе направи и предност од „плус 3" за водство 23-20 и 24-21.

Во последните две минути влеговме со предност од три гола, но примивме два гола, па Митјиланд остана да се надева на можно изненадување. Да ја немаа расположенета голманка Сабине Енглерт веројатно порано ќе ги решевме дилемите, но таа имаше одличен натпревар, а дел од нашите ракометарки тешко успеваа да ја совладаат.

Отворивме добро, но брзо ја прпеуштивме иницијативата на домаќините, и тие тоа го искористија за водство од 6-4. Тоа водство се провлекуваше до самиот крај на полувремето. Секогаш кога ќе дојдевме до ситуација да намалиме на „минус 1„ или правевме грешка или промашувавме. Митјиланд имаше и водство од 14-10, но успеавме да останеме во игра со намалување на 16-13 на полувреме.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2018 22:30