Со натпреварот Реал Мадрид - Бамберг 106: 86, синоќа заврши основниот дел од кошаркарската Евролига.

Од 16 екипи учеснички, осумте најдобропласирани одат во четвртфиналето кое ќе се игра по системот прв со осми, втор со седми, трет со шести, четврти со петти. Најуспешна по 30 рунди е ЦСКА Москва со биланс 24 победи и шест порази.

Двојки за плеј-офот:

ЦСКА Москва - Химки,

Фенербахче – Басконија,

Олимпијакос - Жалгирис и

Панатинаикос - Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2018 13:12