Тренерот на Црвена ѕвезда Душан Алимпијевиќ вината за изгубениот прв натпревар од Будуќност (80:76)во финалната серија на АБА лигата ја насочи кон себе.

- Будуќност беше подобриот тим и заслужено победена. Ние мораме да бидеме поагресивни на поинаков начин. Играчи не се виновни и не треба да гледаме кој промашил зицер или слободно фрлање. Јас сум виновник. На следниот натпревар ќе бидеме подобри. Нема време за прекумерна анализа. Одиме понатаму, а во Подгорица ќе се обидеме да го вратиме изгубеното, истакна предводникот на „црвено-белите“.

Будуќност води со 1-0 во победи во серијата прв до три.

И вториот меч се игра во Белград, веќе денес со почеток во 18:30 часот. Потоа серијата се сели во Подгорица.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2018 07:38