Нивото на Охридско езеро е 23 сантиметри над дозволениот максимален водостој, додека Дојранското е два сантиметра под. Според УХМР, повеќето реки бележат повисоки нивоа од просекот за април, а кај Црна кај Новаци, Брегалница кај Берово и Крива кај Крива Паланка, се измерени пониски вредности.