Синоќа во Струмица се одржа одржа големата „Get EXITed“ забава во рамки на „ЕXIT“ фестивалот на која настапија имиња од светската и регионална музичка сцена.

Пред сцената поставена во Градскиот парк во Струмица голем број посетители се забавуваа со сетовите на познатите диџеи до раните утрински часови, а влезот беше слободен.

На сцената први се појавија локални и македонски изведувачи, а забавата ја отворија DJ Bonev, a во состав на силната регионална програма следуваше DJ Popeye, Divizija, Zee, Matej Foltz и Young Dadi. Публиката дополнително ја загрееја нашите 2 Бона, а по нив настапи регионалната дива Senidah. По неа аfro-house ѕвездата Layla Benitez, динамичното техно трио Meduza, а финалето на ноќната забава му припадне на популарното елетро дуо Agents Of Time.

Според градоначалникот Костадин Костадинов, Струмица со оваа манифестација е музичкиот центар на Балканот и пошироко.

-Домаќини сме на светски познати имиња од музичката сцена, поддржани од талентираните локални музички артисти, комбинација со која ги отворивме вратите за илјадници гости и посетители од регионот. За Струмица „Get EXITed“ е повеќе од фестивал. Ова е настан кој го поттикнува економскиот раст во Струмица, поддржувајќи ги локалните бизниси и создавајќи можности за нашите граѓани, објави струмичкиот градоначалник.

Инаку, со „Get EXITed“ Струмица трета година по ред е дестинација за културен туризам, привлекувајќи посетители од земјава и странство.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2024 17:37