Србија е во тешка позиција, соочена со силата на големите кои од Србија бараат таа да го оправда нивното кршење на меѓународното право и насилство кое го спроведуваа, изјави српскиот министер за одбрана Александар Вулин во интерју за српскиот весник „Курир“.
Тој истакна дека „на чело на Србија, после долго време, се наоѓа претседател кој има храброст да се носи со посилни од себе и кој издржува притисоци“.
- Вучиќ ќе се избори, рече Вулин одговарајќи на прашањето во колку тешка ситуација е Србија моментално кога станува збор за Косово и дали ќе може да извлече максимум.
Српскиот министар исто така рече дека е многу тешко да се зборува за нормализација на односите со Приштина, односно со оние кои користат насилство и не го одржуваат зборот.
- Отворено ве лажат, се закануваат и подметниваат, но тоа не е работа на избор, туку на она што мора да се направи за својот народ и земја, изјави Вулин говорејќи за нормализација на односите со Приштина.