Предводничката на ракометарките на Вардар во триумфот над Митјиланд во Данска, Драгана Цвијиќ, е една од трите ѕвезди на колото, во изборот на ЕХВ ТВ.
Цвијиќ во петокот постигна осум гола и заслужено се најде во друштво на најдобрите три.
Во изборот на најубави голови, цепелинот на Александра Лакрабер и Андреа Лекиќ и е на четвртата позиција. ТОП 5 погодоците може да ги видите тука.
Од вардарките во изборите на ЕХФ ТВ за последната рунда одиграна во Лигата на шампионите место избори и голманката Ина Суслина која е прва на ТОП 5 листата најдобри одбрани.