Македонскиот шампион Вардар е пред пласман на завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите, а четири ракометарки од „црвено-црните“ се наоѓаат во конкуренција за „Ол стар“ тимот.
ЕХФ им дава можност на навивачите да го изберат својот идеален тим на сезоната. Номинирани од Вардар се: голман - Амандин Лејно лев бек - Андреа Пенезиќ пивотмен - Драгана Цвијиќ десен бек - Александра Лакрабер.
Исто така и тренер на Вардар, Ирина Дибирова се наоѓа во конкуренција во изборот на ЕХФ.