Компанијата „Самсунг“ кој е еден од спонзорите на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), ги негираше наводите за поткуп на членовите на организацијата.
Претходно се појавија информации дека „Самсунг“ понудил договори за маркетинг и спонзорство во замена за гласови за поддршка на доделување на Зимските олимписки игри 2018 на Пјонгчанг, Јужна Кореја.
Се шпекулираше дека 27 членови на ИОК биле вклучени во аферата.
- „Самсунг“ легално го спонзорираше ИОК, исто како што е случај со други договори за спонзорство, се вели во соопштението на компанијата за електроника чие седиште е во Јужна Кореја.