Босанскиот репрезентативец во дресот на Рома, Един Џеко кој постигна два гола против Барселона во дуелите од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите, беше изненаден од очајното издание на противникот.
- Направивме многу голема работа, но мислам дека од нас може да се очекува уште подобро. Покажавме дека можеме да играме против секого, бидејќи Барселона е многу силен тим. И дадовме три гола, а можевме и повеќе. Никогаш не сум видел Барселона така да страда. Ние постојано вршевме притисок, уште од првата минута. Заслужено сме во полуфиналето, рече Џеко.
Рома синоќа ја победи Барселона со 3:0 и по вкупните 4:4 оди понатаму поради гол постигнат на гостински терен.