Jапонецот Масазо Нонака денеска доби сертификат дека со своите 112 години и 259 дена е официјално најстариот човек на светот.
Нонака сертификатот за Гинисов рекорд го доби во својот дом на северот на јапонскиот остров Хокаидо. Тој е роден 25 јули 1905 година, во големо семејство. Бањскиот пансион е семеен занает со генерации, а со него сега управува неговата внука.
Јапонецот ја надживеа својата сопруга и две од нивните пет деца.
Гинисовиот комитет соопшти дека Нонака стана највозрасен човек на светот по смртта на Шпанецот Франсиско Оливер, кој почина годинава на 113-годишна возраст.