Српски воен авион од типот „Супер Галеб Г-4“ се урна утрово во близина на местото Ковачица во јужен Банат, при што загина еден од пилотите, а вториот е во критична состојба.
Како што соопшти српското Министерство за одбрана, двајцата пилоти се катапултурале пред уривањето на авионот, при што едниот „смртно настрадал, а вториот е повреден“.
Авионот на српското Воено воздухиоловство и противвоздушна одбрана се урна во 9:50 часот во реонот на општина Ковачица. Повредениот пилот е во свесна состојба и е пренесен на Воено медицинската акдемија (ВМА) во Белград, се додава во соопштението.
Засега нема повеќе детали за инцидентот и за причините за уривањето на авионот.
Локален жител, очевидец на настанот, за Танјуг изјави дека добил впечаток оти авионот „не се урнал, туку слетал принудно“. Друг локален жител за „Блиц“ истакна дека го слушнал звукот на моторите на авиионот, кои одеднаш престанале да работат.
- Видов како двајцата пилоти се катапултираа. На местото на падот може да се види кратер, додаде тој.