Лос Анџелес Лејкерс го ангажираше 32-годишниот кошаркар Андре Инграм, кој против Хјустон рокетс со одличен учинок ги одигра првите минути во најсилната кошаркарска лига во светот.

Дебитантот реализираше 19 поени за 29 минути и е најстариот американски руки од 1964 година.

Инграм главно кариерата ја поминал во Џи лигата (поранешната развојна НБА лига). По завршување на универзитетот Американ останал недрафтуван, а 2016 година се сели во Австралија каде игра за Перт вајлдкетс.

По првичните одлични настапи за Лејкерс се уште е неизвесно каков договор ќе добие Инграм и за колкав период.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 13:42