Актерот Даниел Крег по многу шпекулации потврди дека уште еднаш ќе ја игра улогата на Џејмс Бонд.

Претходно се ширеа гласини дека во новиот филм за агентот 007 ќе биде заменет од Том Харди или Џејмс Нортон, бидејќи Крег бил незадоволен од успехот на „Спектра“.

Меѓутоа, тој за британските медиуми потврди дека ќе се појави петти и последен пат во оваа улога.

Британскиот режисер Дени Бојл минатиот месец објави дека работи на сценариото на новиот филм и дека во тоа му помага Џон Хоџ.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2018 18:14