Со одигрувањето на последните средби од лигашкиот дел рано утрово заврши правата етапа од најсилната светска кошаркарска лига – НБА.

Последна која избори учество во разигрувањето за титулата е тимот на Минесота Тимбервулс по победата над Денвер.

Во првото коло од плејофот на Истокот ќе играат: Торонто - Вашингтон, Бостон - Милвоки, Филаделфија - Мајами и Кливленд - Индијана.

На Западот во првата рунда ќе вкрстат: Хјустон - Минесота, Голден Стејт - Сан Антонио, Портланд - Њу Орлеанс и Оклахома Сити - Јута.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2018 08:25