Раководството на НБА лигашот Њујорк му додели отказ на тренерот Џеф Хорначек, една година пред истекот на неговиот договор со клубот, пренесе ЕСПН.

Ниту победата над вицепрвакот Кливленд остварена ноќеска со 108:95, не беше доволна Хорначек да ја задржи тренерската функција во „Никси“.

Слабите резултати и билансот од само 29 победи наспроти 53 порази беа пресудни раководството на Њујорк да ја прекине соработката.

Хорначек во Њујорк дојде во текот на летото на 2016 година, но во двете сезони не успеа да ги исполни амбициите на клубот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2018 08:44