Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста се согласи да се пресели во кинески Тјанџин Кванжан, каде што ќе ги помине следните три сезони со можност за продолжување на соработката на уште една година по истекот на договорот, објави „Каталуња Радио“.

Како што е наведено, годишната плата на фудбалерот кој целата своја досегашна кариера ја помина во Барселона треба да изнесува 37 милиони евра пред оданочување.

Во вторникот, по сензационалната елиминација од Рим во четвртфиналето на Лигата на шампионите, Иниеста објави дека во Рим веројатно го одиграл последниот натпревар во елитната европска лига.

Капитенот на Каталонскиот клуб дебитираше за првиот тим во 2002 година, одигра 688 натпревари и освои 30 трофеи, а исто така беше дел од најуспешната генерација на шпанската репрезентација, која освои две Европски првенства и едно Светско првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2018 11:53