Светска банка подготвува регионален проект со кој би требало да се олесни трговијата на територијата на Балканот, изјави вишиот економист на Светска банка, Лазар Шестовиќ.

Тој смета дека нема логика на границите да се гледаат километарски колони камиони.

Проектот треба да биде одобрен летово, а досега начелно за негова примена се заинтересирани Македонија, Србија и Албанија, пренесува „Политика“.

Весникот наведува дека секојдневно камионите со стока кои чекаат на граница го чинат регионот 800 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2018 12:47