Специјалното обвинителство на Косово покрена обвинение протиив Пал Лекај, актуелен министер за инфраструктура и екс градоначалник на Ѓаковица.

Информацијата ја потврдил специјалниот обвинител Фаик Халили,но одби да даде повеќе детали,освен дека кривичната пријава е доставена до Основнот суд во Ѓаковица.

- Лекај е осомничен за злоупотреба на службената положба, за време на двата градоначалнички мандата од 2007 до 2013 година.Во претходниот парламентарен состав тој беше пратеник од Алијансата за иднината на Косово и координатор на пратеничката група на партијата. По ланските јунски парламентарни избори неговиот партиски лидер и премиер,Рамуш Харадинај, го назначи за министер за инфраструктура,наведува електронското издание на веснкот „Експрес“

Специјалното обвинителство на Косово пред десеттина дена соопшти дека ќе покрене обвиненија против 11 високи функционери, меѓу кои има и министерот Лекај,како и повеќемина пратеници, осомничени за нарушување на рамноправниот статус на државјаните и граѓаните на Косово.

Според обвинението, тие ја злоупотребиле службената положба со цел да обезбедат незаконски привилегии и погодности за лица кои конкурирале на различни функции, со што ги оневозможиле и ги ограничиле со закон загарантираните права и слободи на другите кандидати.

Тие вработувале и делеле функции врз основа на партиска припадност и лични познанства. Случајот во јавноста е познат како „Пронто 1“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2018 18:10