Сѐ започна во 2011 година, кога 12 тимови од 6 земји ги преточија зборови во дела и почнаа да се натпреваруваат во регионална лига. На почетокот имаше многу предизвици, но оваа лига постигна многу во своите 7 години од постоењето. Лига каде толку многу млади и талентирани играчи ја започнаа својата кариера и станаа главни играчи на европска и светска сцена. Фајнал 4 турнири отсекогаш биле посебни во СЕХА лигата, често се шлаг на торта од одлична сезона. Сите 7 сезони се успешни до сега, и време е 7. Фајнал 4 да биде исто така. Пред да почне сето тоа, би сакале да ве потсетиме на сите претходни шест Фајнал 4 турнири и највпечатливите моменти од секоја година.

1. Фајнал 4, Загреб 2012 Полуфинални натпревари Вардар – КО Загреб 30:29 Металург – Татран Прешов 26:25 Меч за 3. место КО Загреб – Татран 31:29 Финале ВАРДАР – МЕТАЛУРГ 21:18 (10:12) МВП: Златко Хорват (КО Загреб). Најдобар голман: Дарко Станиќ (Металург)

Премиерната сезона беше да откриеме колку се силни клубовите во регионот. Се разбира, многу од нив се натпреваруваа во други европски конкуренции, па беше загарантиран висок ракометен квалитет. По 22 кола, 4 тимови кои најмногу се издвоија се добро познати и денеска: КО Загреб, Вардар, Татран Прешов и Металург. Овие четири клубови имаа можност да учествуваат на првиот Ф4 турнир на СЕХА и да се натпреваруваат за титулата на најдобриот тим во регионот. По два полуфинални натпревари, финалистите можеби беа изненадувачки. Тоа беше македонско финале помеѓу два скопски тима: Вардар и Металург. Вардар се искачи на врвот со победа од 21:18 против нивните градски ривали. КО Загреб го порази единствениот словачки учесник во СЕХА во тесен натпревар за 3. место - 31:29. Првата титула на СЕХА отиде во Скопје - „црвено-црните" со право ја доби титулата најсилниот тим во регионот во 2012 година! Играчот на Загреб, Златко Хорват ја освои наградата за МВП играч, додека Дарко Станиќ од Металург беше најдобриот голман. Првата сезона беше успешна!

2. Фајнал 4, Скопје 2013 Полуфинални натпревари КО Загреб – Мешков Брест 31:29 Вардар – Металург 22:21 Меч за 3. место Металург – Мешков Брест 26:21 Финале КО Загреб – ВАРДАР 25:24 (21:21) – по продолженија МВП: Стахиња Милиќ (Вардар) Најдобри 7: Милиќ (Вардар) - Татарин (Мешков), Хорват (КО Загреб) - Стоилов (Вардар) – Козлина (Металург), Карачиќ (Вардар), Степанчиќ (КО Загреб)

Пет месеци подоцна, беше време да се започне со втората сезона на СЕХА лигата. Лигата беше намалена на 10 екипи, а белорускиот клуб Мешков Брест беше највозбудливиот новитет на СЕХА лигата. Не требаше долго додека не се почувствува нивното присуство, бидејќи завршија како први во регуларниот дел од сезона. Битката за Ф4 беше исклучително интензивна, бидејќи разликата меѓу првопласираниот Мешков и петтиот Татран беше само 5 бода. На крајот, Металург, Вардар и КО Загреб им се приклучија на Белорусите на вториот СЕХА Фајнал 4 турнир во Скопје. Хрватскиот шампион му се одмазди на Вардар во финалниот меч, победувајќи го со 25:24 по продолженијата! Откако завршија како први во регуларната сезона, Мешков загуби од КО Загреб во полуфиналето, а потоа загуби и од Металург, и заврши на четвртото место во својата дебитантска сезона 2012/2013. Вардар ја освои титулата во 2012 година во Загреб, а КО Загреб стана шампион во Скопје една година подоцна!

3. Фајнал 4, Нови Сад 2014 Полуфинални натпревари Мешков Брест – Татран Прешов 31:30 (7м) Вардар – КО Загреб 30:22 Меч за 3. место Загреб – Татран Прешов 36:28 Финале ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ 29:27 (14:15) МВП: Тимур Дибиров (Вардар) Најдобри 7: Пешиќ (Мешков Брест), Дибиров (Вардар), Хорват (КО Загреб), Стојковиќ (Мешков Брест), Рабек (Татран Прешов), Карачиќ (Вардар), Криштопанс (Татран Прешов)

По две сезони, имавме 2 различни шампиони. Вардар и Загреб досега освоија по една титула и се покажаа како најдобри тимови во регионот. На почетокот на сезоната, СЕХА објави договор со џиновската руска компанија "Газпром". Многу од целите постигнати во текот на годините, можеби не би биле без нив; СЕХА-Газпром лигата беше подготвена да направи чекор напред! Фајнал 4 турнирот во Нови Сад во 2014 година ни донесе полуфинален натпревар помеѓу двата дотогашни прваци на СЕХА - Вардар против КО Загреб. Тоа значеше дека еден од тимовите има шанса да ја освои својата втора титула против Татран Прешов или Мешков Брест. Татран беше прв по регуларната дел од сезона со 45 поени, но загубија во полуфиналето. Победникот беше решен со пенали, а Мешков можеби беше малку посреќен да најде место во финалето. Тие требаше да се соочат со Вардар, кој го порази Загреб со 30:22, предводени од Игор Карачиќ и Страхиња Милиќ. Тимур Дибиров постигна 11 гола во финалниот меч против Мешков Брест, а титулата уште еднаш замина во Скопје. КО Загреб доби утешна награда со победа против Татран Прешов на натпреварот на третото место!

4. Фајнал 4, Веспрем 2015 „Мало полуфинале" ППД Загреб – Татран Прешов 33:26 Мешков Брест – Нексе 28:24 Полуфинални натпревари МКБ МВМ Веспрем – ППД Загреб 25:24 Мешков Брест – Вардар 32:28 Меч за 3. место ППД Загреб – Вардар 26:23 Финале МКБ МВМ ВЕСПРЕМ – МЕШКОВ БРЕСТ 32:21 (14:9) МВП: Чема Родригез (МКБ МВМ Веспрем) Најдобри 7: Миклер (МКБ МВМ Веспрем), Антл (Татран Прешов), Маргич (МКБ МВМ Веспрем), Стојковиќ (Мешков Брест), Обрановиќ (ППД Загреб), Никулеку (Мешков Брест), Наѓ (МКБ МВМ Веспрем)

Четвртата сезона на СЕХА беше одбележана со доаѓањето на унгарскиот гигант - МКБ МВМ Веспрем. Тие почнаа на брилијантен начин, победувајќи ги први 15 натпревари од сезоната 2014/2015, завршувајќи на прво место по регуларниот дел од сезоната и пласирајќи се на финалниот турнир. Во таа сезона, финалниот турнир беше малку поинаков. Веспрем и Вардар добија директно место во полуфиналето, додека ППД Загреб и Мешков Брест одиграа против Татран Прешов и Нексе, во обид да стигнат до него. ППД Загреб убедливо го победи Татран, а Мешков го направи истото против Некс, давајќи ни ги сите 4 учесници на финалниот турнир. Неколку дена подоцна, Мешков го шокираше Вардар и победи со 4 гола предност во полуфиналниот меч, додека Веспрем го победи ППД Загреб во тесен натпревар. На крајот Веспрем беше крунисани во шампион на СЕХА-Газпром лига во нивната премиерна сезона, победувајќи го Мешков 32:21, и тоа сѐ уште е финален меч со највисока победа! Маргуч и Угалде доминираа во финалниот натпревар, постигнувајќи 17 гола! Унгарците не можеа да посакаат подобра деби сезона, бидејќи ја освоија титулата пред своите навивачи во Веспрем Арената. Белорускиот тим повторно беше надигран во финалето, а ППД Загреб заврши на третото место и тоа втората сезона по ред, победувајќи го Вардар 26:23.

5. Фајнал 4, Вараждин 2016 Полуфинални натпревари Мешков – Веспрем 21:24 Вардар – ППД Загреб 26:24 Меч за 3. место ППД Загреб – Мешков Брест 24:23 Финале ВАРДАР – МКБ МВМ ВЕСПРЕМ 26:28 МВП: Момир Илиќ (МКБ МВМ Веспрем) Најдобри 7: Стевановиќ (ППД Загреб), Угалде (МКБ МВМ Веспрем), Хорват (ППД Загреб), Стојковиќ (Мешков Брест), Илиќ (МКБ МВМ Веспрем), Циндриќ (Вардар), А.Душебаев (Вардар)

Сезоната 2015/2016 уште еднаш ќе биде запаметена поради тоа колку успешен беше Веспрем! Уште еднаш Унгарците беа први по регуларниот дел од сезона, а не загубија ниту еден натпревар. Вардар, ППД Загреб и Мешков Брест го следеа лидерот на лигата и се здобија со шанса за настап на петтиот СЕХА Фајнал 4 турнир. Настанот се одржа во Вараждин, Хрватска. Истиот доби и награда за најдобар регионален спортски настан - служејќи како доказ колку порасна СЕХА-Газпром лигата и ракометот во регионот во последниве години. Претставите во салата во Вараджин не донесоа ништо сензационално. Веспрем го победи Мешков Брест по изведување на пенали, а Вардар излезе како победник од дуелот со ППД Загреб, кој подоцна повторно мораше да се задоволи со третото место. Во финалниот натпревар, Момир Илиќ постигна 7 гола, Наѓ и Слишковиќ дадоа по 4 гола за да ја му ја донесат на Веспрем втора СЕХА титула втората сезона по ред. Финалниот натпревар беше интересен, бидејќи и Веспрем и Вардар имаа шпански тренери! Сабате го предводеше МКБ МВМ Веспрем со уште еден успех, додека Раул Гонзалес мораше да почека за својата втора СЕХА титула. Златко Хорват постигна 8 гола за ППД Загреб на третото место против Мешков, откако завршија трети, по четврти пат во историјата на СЕХА-Газпром лига.

6. Фајнал 4, Брест 2017 Полуфинални натпревари ППД Загреб – Вардар 28:36 Телеком Веспрем – Мешков Брест Brest 33:31 (п) Меч за 3. место Мешков Брест – ППД Загреб 23:19 Финале Вардар – Телеком Веспрем 26:21 МВП: Жоан Кањељас (Вардар) Најдобри 7: Алиловиќ (Телеком Веспрем), Дибиров (Вардар), Чупиќ (Вардар), Нилсон (Телеком Веспрем), Борозан (Вардар), Кањељас (Вардар), Криштопанс (Мешков Брест). Најдобар дефанзивец: Ласло Наѓ (Телеком Веспрем)

Шестата сезона на СЕХА-Газпром лига, можеби беше највозбудливата дотогаш. Веспрем и Вардар се етаблираа како едни од најсилните тимови во Европа и се обидоа да освојат уште една СЕХА титула. Пред Ф4 во Брест, и Веспрем и Вардар имаа освоено по две титули, а Веспрем беше подготвен да го освои и третото злато по ред. Словенечките клубови Целје ПЛ и Горење Велење влегоа во СЕХА-Газпром лигата, но не можеа да стигнат до Ф4. На крајот учесниците беа исти како и претходната година: Вардар, Телеком Веспрем, Мешков Брест и ППД Загреб. Вардар го победи ППД Загреб во првиот полуфинален меч. Хрватските десни крила Чупиќ и Хорват имаа голем дуел, бидејќи и двајцата постигнаа по 8 гола во тој меч. Тоа беше прв Ф4 за Чупиќ, а тој уште еднаш ја покажа својата класа. Вториот полуфинален меч апсолутно го одземаше здивот. Домаќинот Мешков направи неверојатен напредок против Телеком Веспрем, и стигнаа до изведување на пенали. Растко Стојковиќ постигна 9 гола и имаше 5 асистенции, но Момир Илиќ и Роланд Миклер одлично одиграа за Веспрем и го водеа својот тим до финалниот натпревар против Вардар! Тоа беше уште еден специјален финален натпревар, повторување на финалето од Вараждин, но овој пат Вардар беше поуспешен. Тоа беше меч со феноменална одбрана од Арпад Штербик и целиот вардаров тим - резултатот беше 26:21 и беше само почеток на годината од соништаа на Вардар. Жоан Кањељас ја освои наградата за МВП, но Вардар не стоеше само таму на врвот. Тие освоија уште три трофеи во таа сезона, вклучувајќи ја и ЕХФ Лигата на шампионите, докажувајќи колку клубот постигнал!



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2018 07:54