Арсенал одигра во Москва тежок реванш натпревар од четвртфиналната фаза во Лига Европа и беше на прагот да ја загуби предноста од 4:1 од првиот натпревар.

ЦСКА Москва имаше водство од 2:0, но наместо Русите да дадат трет погодок и да одат понатаму, англискиот тим погоди двапати за 2:2.

По натпреварот тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, изрази само една желба пред ждрепката во Нион.

- Само да го ибегнеме Атлетико Мадрид, изјави Венгер.

Покрај Арсенал и Атлетико се пласираа и Олимпик Марсеј и Салцбург.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2018 08:16